Славниот Ирец доби уште еден син – Ријан Мек Грегор (ФОТО)

Ирската ММА ѕвезда Конор Мек Грегор го објави својот нов напад на тронот. Наскоро повторно влегува во октагон, а противник му е Дастин Пориер. Нивната борба ќе го предводи настанот УФЦ на 10 јули во Лас Вегас.

Тоа ќе биде трет судир на Ноториус и Дијамантот, а во последниот што се случи во јануари, Пориер славеше со технички нокаут.

Мек Грегор накратко ги прекина подготовките за да биде со семејството, кое деновиве доби петти член. Имено, неговата свршеница Ди Девлин го роди синот Ријан, односно заедно со синот Конор Џек и ќерката Крои е нивното трето дете.

Кланот на Мек Грегор сега брои пет члена. Бебето и мама „Вондер вуман“ се одлични! Боже, ти благодарам за сè што ми даваш на мене и на моето семејство. Мојот новороден син Ријан Мек Грегор“,’напиша Конор Мек Грегор со фотографија на својот Инстаграм.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО