Гого Славески извојува победа на аматерски турнир во САД во организација на промоторот Боби Хитс, во Илиноис.
„Ја добив борбата на поени во сите три рунди, иако беше тешка, затоа што противникот беше повисок и ме држеше на дистанца“, изјави за ipon.mk, Славески и додаде дека ова е борба на ниво на сојузната држава Илиноис.
Тој на 22 август требаше да има професионална борба на повисоко ниво, но таа е одложена.
„Мечот е одложен затоа што тренерот на противникот ја повлече борбата, со изговор дека сме побратимени со нивниот клуб и дека нема потреба да се тепаме меѓу себе и да губиме (бизнис работи). Ја чекам борбата во септември против друг противник, Се надевам. Тешко е да бидеш фрлен сам на волците. Промотерите те гледаат само како продукт од кој ќе профитираат. Таков е боксот. Суров. Како и да е, ќе се борам, без оглед на се“, вели Славески и додава дека му е мило ми што има поддршка од многу луѓе.
ipon.mk/В.Д.