Славче Арсов од Гладијатор – Штип го освои златниот медал на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија.
Арсов извојува две победи над кикбоксерите од Србија со 3-0 во категоријата до 79 килограми.
Тренерот Шенол Асанов вели дека Арсов требало да има уште еден противник, но гледајќи ги квалитетите на неговиот кикбоксер се откажал. Никола Нацев славеше во првата борба против борец Батајница, Србија, со 3-0, но потоа загуби од српски репрезнтавец минимално со 2-1.
„Славче Арсов блескаво ја заврши годината, со златен медал. Идната година ќе се префрли меѓу сениорите и ќе учествува на Светското првенство во Босна и Херцеговина. Задоволен сум и од Никола Нацев, кој оваа година постигнува одлични резултати. Лани беше кадет, годинава јуниор. Со еден збор, многу сум задоволен од моите кикбоксери. Само нека продолжат вака да тренираат и резултатите сами по себе ќе дојдат“, рече тренерот Шенол Асанов.
Ipon.mk