Скот Кокер: Во моментов немаме потреба од Емилијаненко во Белатор!

fedor-in-holland-2

Една од највлијателните ММА организации во светот – Белатор и главен конкурент на УФЦ за привлекување на легендата во боречките спортови Федор Емилијаненко изгледа дека се повлекува од битката за привлекување на Русинот. Барем, така изјави поранешниот извршен директнор на Страјкфорс и актуелен на Белатор – Скот Кокер.

 Еве што изјави Кокер во однос на ова прашање:

 „Да, неодамна се видов со Федор, но разговорот ни помина во сосема поинаква насока, воопшто не дискутиравме за неговото враќање во рингот. Тој е одличен спортист и професионалец. Тоа го докажа кога работев со него во Страјкфорс. Но, тоа беше тогаш.

Според мое мислење, ќе се врати за најмалку 3-4 години, нема да вложи толку многу напор за да се бори само уште еднаш. Тој е од луѓето, кои кога прават нешто го прават квалитетно. Така што тој ќе се врати, но не знам која организација ќе го избере. Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи. Во моментов во Белатор немаме потреба од дополнителен дополнување на нашите мечеви, и самите гледате дека сме во подем. Да, Федор ќе придонесе уште повеќе за тоа, но во моментов немаме потреба од тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО