Претседателот на Белатор, Скот Кокер, изјави дека планира да се сретне со еден од најдобрите борци во тешката категорија, Федор Емилијаненко.
„Добив недифинирани информации. Последен пат кога разговарав со неговите луѓе, тие рекоа дека тој работи за Владата и развојот на MMA во Русија.
Ќе бидам на новогодишното шоу во Јапонија, па таму ќе зборувам со него и ќе видам дали има интерес“.
Откако пред неколку години преговорите меѓу Емилијаненко и УФЦ пропаднаа, борецот забележа неколку учества во Страјкфорс додека Скот Кокер беше претседател таму.
Емилијаненко се повлече од американската организација во 2011 година, кога загуби од Дан Хендерсон.