Скот Кокер ги негира гласините дека мечот Федор-Сонен е наместен (ВИДЕО)

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, негираше дека мечот меѓу Федор Емилијаненко и Чаел Сонен е договорен (наместен). Дуелот беше полуфинален меч во тешка категорија. Русинот го победи Сонен со технички нокаут во Ансвил (САД).

Веднаш по борбата социјалните мрежи и форумите беа преплаевени со коментари дека исход на средбата е сомнителен.

„Тоа и не заслужва одговор“, рече Кокер и додаде:„Слушнете, Чаел беше погоден. Ми кажа дека навистина добро бил ударен. Тоа е. Сотоа се глупости“.

И порано имаше гласини наместени борби во Белатор.

Кокер додаде дека, според него, Емелијаненко веќе се покажал како најголем борец на сите времиња.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON