Хабиб ги откри проблемите по симнувањењто на килограмите: Повраќав, ми се вртеше…

Хабиб Нурмагомедов открива дека имал сериозни вртоглавици и повраќал пред мечот со Конор Мек Грегор, бидејќи прерано симнал неколку килограми.

„Добро спиев ден пред борбата, но тоа беше поради тоа што ден претходно не можев никако да заспијам. Имав сериозно симнување на килограми, но успеав да симнам се што требаше дури седум часа пред да започне мерењето. Тогаш ми се појавија тешки вртоглавици и повраќав, иако немав апсолутно ништо во себе. Се чувствував многу лошо“, изјави Хабиб и додаде:

„Немаше да зборувам за ова сигурно ако ја загубев борбата бидејќи веднаш ќе се зборуваше за тоа дека барам изговори за поразот. На крајот се помина добро, победив, но се чувствував многу лошо“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО