АктуелноМеѓународна сценаММА

Скопје ќе биде домаќин на силен меѓународен ММА турнир на 6 септември

Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен ММА турнир што ќе се одржи на 6 септември во Скопје, во организација на Македонската ММА федерација. Овој настан е вистински спортски спектакл кој ќе донесе нова енергија и квалитет во спортската понуда на нашата земја.

Ќе имаме можност да ги видиме најдобрите македонски борци – Горјан Гого Славески, кој настапува во САД, како и Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Дино Сарчевиќ и врвни меѓународни имиња од ММА светот.

Ова е ретка можност за македонската публика и особено љубителите на ММА борбите да ги види своите идоли.

Министерството за спорт најавува дека секогаш ќе се залага за промоција на спортот и на вистинските вредности во спортот – фер плеј, посветеност и страст, и дека без разлика на дисциплината, секогаш ќе поддржува чист и вистински спорт.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON