Џарел Милер објасни зошто се откажа од борбата против Фабио Вордли

Американскиот борец Џарел Милер пред десет дена ја откажа борбата против британскиот тешкаш Фабио Вордли, која беше закажана за 7 јуни на Портман роуд во Ипсвич.
Биг Бејби ја откажа борбата поради повреда на рамото. Во последните две борби има еден пораз и еден нерешен резултат, во декември 2023 година загуби од Даниел Дубоа со прекин во десетата рунда, а во август минатата година ремизираше со Енди Руиз Јуниор.
Вордли ужива статус на ѕвезда на британската тешкашка сцена во последните месеци по двете борби против Фрејзер Кларк минатата година. Првата борба заврши нерешено, а во реваншот го победи својот сонародник со брутален прекин во првата рунда.
Вордли брзо доби замена за противник, а следниот месец ќе се соочи со непоразениот австралиски борец Џастис Хуни.
А Милер, во објава на социјалните мрежи, објасни зошто се откажа од борбата против Вордли и ги отфрли некои од гласините што се појавија во последните денови.
„Многу работи се случуваат околу мене во моментов, претежно глупости, па ајде да го разјасниме ова“, напиша Џарел Милер во објавата, продолжувајќи:
„Димитри Салита повеќе не е мој промотор. НЕМАМ ПРОМОТЕР.
Имам мал проблем со рамото и грбот, но следната недела сè ќе биде во ред.
ЕДИНСТВЕНАТА ЛИЧНОСТ КОЈА МОЖЕ ДА ЗБОРУВА ВО МОЕ ИМЕ е МЕНАЏЕРОТ Спенсер Браун. И НИКОЈ ДРУГ.
Наскоро повеќе вести.



