Скопје деновиве центар на боксот во регионот – се одржува Плејоф Фајнал фор на РБЛ

Деновиве во Скопје ќе се одржи завршницата Регионалната бокс лига – Плејоф Фајнал фор, односно полуфиналните борби и финалето.

Полуфиналните средби Лозница-Витезови и Црвена ѕвезда-Железничар се закажани за 15 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје.  Средбата меѓу Лозница и Витезови од Загреб ќе почне во 17 часот, а пресметката меќу Црвена ѕвезда од Белград и Железничар од Сараево во 20 часот.

Финалето е на 17 јуни со почеток во 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО