Скопје центар на боскот на Балканот – во сабота ќе се одржи 6.коло од Регионалната бокс лига

Во сабота Скопје ќе биде центар на боскот на Балканот, ќе се одржи 6.коло од Регионалната бокс лига.

Турнирот ќе се одржи во спорстската сала „Македонско сонце“ при  ОУ „11 Октомври“, а влезот е слободен.

Во Скопје нема да настапи најдобриот македонски боксер во РБЛ, Ален Рустемовски, затоа што ќе настапи на Светското првенство за сениори во Ташкент, Узбекистан, од 1 до 25 мај.

Нашиот Вардар е петтопласиран во РБЛ по 5. коло.

На табелата води Нови Пазар со 160 бодови, пред Славија (133), Лозница (132), Сомбор (131), Вардар (72), Раднички (71), Марибор (63), Никшиќ (54), Железничар (29), Свети Донат (0).

До крајот на регуларниот дел од сезоната 2022/23 преостануваат три кола во Скопје, Сомбор и Нови Пазар.

Потоа ќе следи жрепка за организација на плејофот во кој за титулата во Регионалната боксерска лига ќе се борат четирите најдобро пласирани екипи. Скопје пак е фаврорит да биде домаќин на завршницата РБЛ.

Прв шампион на Регионална боксерска лига е тимот на белградска Црвена ѕвезда која во големото финале во Скопје ја совлада Лозница.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО