Скандалoзно: УФЦ борец молеше за прекин, тренерот го одби, следи истрага (ВИДЕО)

Спортската комисија на Невада (НСАЦ) потврди дека ќе поведе истрага за крајот на саботниот меч во УФЦ помеѓу Макс Рошкоф и Остин Хабард, откако во контроверзна завршница, тренерот на Рошкоф не сакаше да го прекине мечот меѓу втората и третата рунда и покрај желбите на својот фајтер.

Рошкоф дури девет пати побарал прекин на мечот од тренерот Роберт Дрисдејл, пред инспекторот на НСАЦ, Чарвез Фогер самиот да реши да предизвика прекин.

„Ова ќе мора да се разгледа. Можеби ќе има и дисциплинска постапка, бидејќи тоа не беше грижење за сопствениот фајтер. Беше очигледно дека тој не сакаше да се бори“, вели Боб Бенет од НСАЦ.

25-годишниот Рошкоф дебитираше во УФЦ откако доби повик само пет дена пред мечот и беше декласиран од Хабард, кој упати 59 удари во две рунди, додека Рошкоф имаше само 17 удари.

Тренерот останува на тоа дека мечот не требал да биде прекинат.

„Стојам зад тоа што го направив. Очекувам многу од луѓето кои ги тренирам бидејќи ги сакам. Тој не беше сериозно повреден и сметав дека му е потребна ментална мотивација. Би очекувал истото од мојот тренер“, вели Дрисдејл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON