Скандалозно: Руски ММА тренер претепа продавачка (ВИДЕО-вознемирувачко)

Поради големиот број потврдени случаи на коронавирус во Русија во повеќето продавници бараат од сите клиенти да носат маски. Луѓето што не сакаат да носат маски не ги послужуваат. Оваа одлука на властите доведе до напнати ситуации, инциденти меѓу клиентите и дуќанџиите во Русија.

Неодамна, ММА тренерот Антон Сергеев од Санкт Петербург нападнал продавачка, откако не сакала да го услужи, затоа што не носел маска. Се започнало откако Антон и неговата девојка влегле во продавницата, но без маски и не беа услужени. Девојката на Сергеев ја навредува продавачката, која молчи. Антон и неговата девојка ја напуштаат продавницата, но се враќаат и тој ја плука продавачката в лице, која зема тегла краставици и ја мери. Како резултат на тоа тој се изнервира и ја удира.

Сергеев тврди дека не ја нападнал продавачката во продавницата, но снимките од безбедносните камери покажуваат како ја претепал. Извештаите подоцна потврдија дека жртвата има повеќе модринки, хематоми, фрактури на ребрата и потрес на мозокот. Продавачката се жали дека не може да лежи на грб и има потешкотии во дишењето.

Ова не е прв испад на Сергеев во 2020 година. Во јануари со своето БМВ се забил во автобуска станица во Јалта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON