Скандал со наместени мечеви ја тресе АИБА

Нов скандал со наместени боксерски мечеви од Рио 2016 избувна во Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА). Се истражуваат десет борби од Олимписките игри во Бразил пред пет години.

Една од нив е Мајкл Конлан (Ирска) – Владимир Никитин (Русија), што заврши со крајно контроверзна поделена одлука.

Уште во 2016 година избувна огромен корупциски скандал во АИБА, поради што Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги одзеде правата за организирање на олимпискиот боксерски турнир.

Телото во аматерскиот бокс се промени во последните месеци и започнаа почетоците на полирање на оштетената слика.

Доколку се докажат местенките од Игрите во 2016 година, главен виновник ќе биде тогашниот шеф на организацијата, Гафур Рахимов, кој печатот го опиша како „еден од најголемите криминалци во Узбекистан“.

До крајот на неделата се очекува официјална прес -конференција, на која ќе бидат откриени повеќе детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО