СКАНДАЛ на наддавањето за мечот Кличко-Фјури!

Fjuri Klicko

Голем скандал се случи на тендерот за одредување на домаќин на мечот меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури. Наддавањето требаше да се одржи во понеделник. Изненадувачки, во последен момент во Панама долетал рускиот промотор Владимир Хрјунов, кој работи со Александар Поветкин и милионерот Андреј Рјабински. Богаташот пред две години го урна рекордот за најголем бокс хонорар во Европа. Тој понуди 23,2 долари милиони за дуелот меѓу Поветкин и Владимир Кличко, кој му припадна на Украинецот.

Според Хрјунов, условите на тендерот се прекршени, бидејќи преставниците на светскиот шампион и на Фјури дошле до договор 24 минути пред финалниот рок. Така била финализирана зделката, а од аукцијата се исклучени уште двајца играчи – британските промотори Еди Хорн и Френк Ворен.

Хрјунов објави дека бил подготвен да понуди сума од 18 милиони долари за организирање на натпревари во Русија. Ова сигурно е многу повеќе отколку што ќе добијат Кличко и Фјури со овој договор. Средбата меѓу нив ќе се одржи на 24 октомври во Дизелдорф .

„Вива Германија. Доаѓам за да ја затресам вашата страна. Не пропуштајте го најдобриот меч во историјата на тешка категорија“, порача Фјури.

https://youtu.be/ey52w1ZXNHA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО