СКАНДАЛ: Мејведер користел интравенска терапија пред мечот со Пакијао-Допинг агенцијата го премолчела тоа!

Mejveder -Pakijao od mecot

Борбата на векот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао беше пред неколку месеци, но се се уште е вест број еден. Денес се покажа дека Мејведер користел интравенска терапија пред дуелот со „Пакман“. Проблем? Тоа е забрането од Допинг агенција на САД (USADA). 

Забраната допрва ќе се одрази на ММА борците, во октомври, но долго време е активна во боксот. Интравенската терапија може да се користи и за прикривање на допинг. Повеќе за методот може да дознаете од следниов член.

Веста беше соопштена на новинарот на SB Nation, Томас Хаузер, кој напиша дека USADA влегле во куќата на Мејведер ден пред мерењето и пронашле докази за употреба на забранетото средство. Тоа беше ден пред мечот.

„Агентите на Комисијата пронашле докази дека Мејведер користел интравенска терапија. Боб бенет, извршниот директор на Атлетска комисија на Невада, кој ја имал целосна надлежност пред средбата, рекол дека УСАДА не рекла на Комисијата дали имало злоупотреба. Но во подоцнежната фаза УСАДА реклае на Атлетска комисија на Невада дека од медицинскиот тим на Мејведер признале дека интравенската терапија била направена поради ризикот од дехидрација“.

Проблемот на овој извештај е што се гледа како USADA го прикрива Мејведер.„Мерењето и откритието за терапијата се случуваат на 1 мај. Мечот беше на 2 мај. Дури 20 дена откако е утврден прекршокот од USADA решаваат да ја информираат Атлетска комисија на Невада за извршената проверка.

Дури на 21 мај USADA испраќа писмо до Комисијата и промоутерската компанија на Пакијао, Топ Ранк, во кое се вели дека на Мејведер му е дозволено да користи интравенска терапија по исклучок. Но, во писмото не пишува од кога е барањето од екипата на Мејведер, што требало да биде разгледано од Комисијата и соодветно да се процени дали да се дозволи настап или не. По инсистирање на двете страни да се наведе датумот кога е доставено барањето за дозвола за употреба на терапијата, од USADA одговориле дека немало такво нешто до 19 мај, а дозволата е заведена на 20 мај“.

Со два збора, Мејведер користел интравенска терапија, Допинг агенцијата знаела за тоа, но не кажала на Атлетска комисија, која може да ги казнува спортистите. И, како капак на сè, му дала писмена дозвола, дури, откако средбата заврши..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО