Ситичаи славеше во првата борба по губењето на титулата на Глори (ВИДЕО)

Во првиот меч по губењето на титулата на Глори во лесна категорија во мај, Ситичаи Ситсонпеенонг се бореше во Макао.

28-годишниот Тајландец со одлука на судиите по додатната 4-та рунда го совлада Узбекистанецот Бобур Тагиев во мечот по модифицирани мај тај правила.

Ситичаи во мај загуби во Утрехт со едногласна одлука од Марат Григоријан и го загуби појасот на Глори. Тоа беше нивни петти директен меч и прва победа на Белгијанецот.

Борбата Ситичаи-Тагиев почнува на 4:29:00.

https://www.facebook.com/macauconventioncentre/videos/2357156474544616/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО