Ситичаи Ситсонгпеен ја освои титулата Ву Лин Фенг до 71 килограм.
Шампионот на Глори со хај кик во втората рунда во кинескиот Кунмимг го нокаутира Ји Лонг. Кинезот е голема ѕвезда во ВФЛ/WFL и го промовираат како Шаолин кунг фу мајстор. Лонг минатата година со контроверзна судиска одлука го победи Буакав Банчамек.
Го елиминира прво Холанѓанецот Хасан Тој, потоа во полуфиналето Германецот Енрик Кел и во финалето Џабар Аскеров, кој го замени повредениот Чингиз Алазов.
Иако Лонг пружи храбар отпор, разликата во квалитетот сепак беше преголема и покрај се останато прими пет хај кикови пред да падне.
https://youtu.be/rzSkZK4pXxY
.