Сите детали за Мејведер-Пакијао се прецизирани, уште да се потпише договорот!(ВИДЕО)

ПакииФлојд

Сите детали од договорот, кој ќе го најави долгоочекуваниот судир меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, веќе се прецизирани и останува само да биде објавено неговото потпишување, пишува „Дејли Меил“.

Мечот ќе се одржи во Лас Вегас на 2 мај и ќе биде несомнено најголемиот настан од финансиска гледна точка во историјата на боксот. Двајцата боксери, кои светот веќе пет години чека да ги види еден против друг во рингот, ќе добијат вкупен хонорар за учеството од 250 милиони.

Според „Дејли Меил“, Мејведер добил сè што побарал пред мечот со Мани Пакијао, вклучувајќи и допинг тест по олимписките стандарди и одредувањето на тоа со какви ракавици ќе се боксираат.

Во договорот на „Мани“ има клаузула и за втор натпревар, кој ќе го собори рекордот дури и на овој дуел по висината на хонорарите и ќе чини 300 милиони долари. Битката ќе биде емитувана на двата најголеми кабелски оператор во САД – „Шоутајм“ и „ХБО“, бидејќи првиот ги има правата на Мејведер, а вториот – на Пакијао. Последниот сличен преседан со емитувањето на бокс меч на двата најголеми канали, кои емитуваат боксерски средби, датира од 2002 година, кога двата канала заеднички го емитуваа натпреварот меѓу Мајк Тајсон и Ленокс Луис.

Сите оние што сакаат да го гледаат историскиот меч, ќе треба да платат исто така сум што одговара на астрономскиот договор на двајцата боксери. Цената на платените канали за американска територија, ќе биде 100 или 99,95 долари. Билетите за влез во арената во Лас Вегас, каде што ќе се одржи средбата на 2 мај – „МГМ Гранд гарден“, се од 5000 долари па нагоре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON