На Светското аматерско првенство во бокс во Доха нема повеќе американски претставници.
Третиот ден од натпреварувањето елиминирани се двајца Американци. Сренистот Ентони Кембел загуби во 2. коло со поделена одлука на судиите од Еквадорецот Марла Делгадо Суарез, додека рускиот тешкаш ЕвгенијТишенко го елиминира Џошуа Темпел со едногласна одлука. Така, од конкуренција испаднаа сите четворица Американци.
Пред нив, Нико Хернандез беше поразен во полумува категоријата од Ирецот Брендан Ирвин, додека полутешкашот од Мароко, Хасан Саад, го победи Стив Нелсон.