Норткат: Ќе направам пауза во студирањето и ќе станам потполно ново животно!

sage-northcutt

Сејџ Норткат, 19-годишната ѕвезда во подем, изјави деновиве за Фокс Спорт 1 дека размислува да направи пауза во студирањето. Намерата му е целосно да се посвети на тренинзите и да стане уште поголема закана за иднините противници.

„Јас сум уште бруцош и минатиот семестар одев на сите предавања, па ми остана недоволно време за тренинг. Имав нешто малку време за вежбање и набивање кондиција, кои не се доволни за пристоен ММА тренинг. Во иднина би можел да направам  во студирањето и целосно да се посветам на тренинзите. За некои тоа може да биде застрашувачко, затоа што мислам дека со полни тренинзи ќе бидам ново животно“, вели Норткат.

Во преостанатиот дел од интервјуто, младиот изјави дека е еден од идолите му е Жорж Сент Пјер, поранешен шампион во велтер категорија, за кого Сејџ Норткат смета дека е неверојатен спортист со едно од најдобрите соборувања во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО