Синот на Петер Аертс тргна по стапките на славниот татко (ВИДЕО)

Поминаа 25 години откако легендарниот Петер Аертс настапи на првиот К-1 Гран-при во Токио.

Славниот Холанѓанец три пати го освојуваше најпрестижниот кик бокс турнир, а уште три пати беше во финалето.

48-годишниот „Дрвосечач“ повремено велгуваше и во рингот, а се посвети и на работа со својот наследник.

Неговиот 17-годишен син Марчијано успешно настапи на настанот во холандскиот Осу, додека Петер му беше во аголот.

Настанот го организиран уште еден борец од најславните денови на К-1 организацијата, првиот победник на К-1 МАКС Алберт Краус.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО