Симона Заборска во финалето, Сара Радичевска ќе се бори за бронза на Универзијадата во Загреб

karate svtei kiril i metodij simona i dr

Симона Заборска е во финалето на карате турнирот во борби во категоријата до 55 килограм на Универзијадата во Загреб и Ријека, Хрватска, а Сара Радичевска (-55 кг) ќе се бори за бронзениот медал.

До финалето Заборска извојува три победи и златниот медал ќе се бори утре, а Сара за бронзениот.

Да потсетиме дека вчера на 3.Европски универзитетски игри женската екипа во борби го освои бронзениот медал.

Нашите студенти настапуваат за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО