Пливачот маратонец Евгениј Поп Ацев и каратистката Симона Заборска годинешните лауреати во изборот на Сојузот на спортови на Скопје за наградата „13 Ноември“. Поп Ацев го освои првото место на светската ранг листа во маратонско пливање, додека Симона Заборска годинава оствари пласман на второ место на Универзијадата во Португалија, како и трето место на Младинските олимписки игри во Азербејџан.
И карате мајсторот Живко Тасевски доби признание за најдобар спортски работник.
Добитници на наградите кои традиционално се доделуваат по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје се:
Категорија
– професори по физичко воспитување:
Седат
Бафтија од ОУ „Лирија“
Венцислав
Рангелов од гимназијата
„Никола Карев“
Категорија
– спортисти:
Евгениј
Поп Ацев (маратонско
пливање)
Симона
Заборска (карате)
Категорија
– тренер:
Билјана
Црвенкоска (ЖРК Вардар)
Категорија
– екипа:
РК
Вардар
Категорија
спортски работник:
Иван
Михајловски (триатлон)
Живко
Тасевски (карате)
Категорија
– општественик:
Висар
Ганиу (градоначалник
на општина Чаир)
Категорија
– спортски работници за животно дело:
Александар
Домлевски (кошарка)
Андреја
Јовановски (стрелаштво)
Ѓорѓи
Ајановски (бокс)
Димче
Јосифовски (еквестријан)
Иван
Лесевски (скијање)