Ник Дијаз сака да се врати во 2020 година, за да му се одмазди на Масвидал за поразот на Нејт

Ник Дијаз не е задоволен од зборовите на Хорхе Масвидал, кој пред борбата со неговиот брат Нејт се фалеше дека ќе го покрсти. Многу обожаватели ја наоѓаат сличноста меѓу Исус Христос и Масвидал, а најлошото копиле во ММА го користи за да се рекламира себеси и неговите битки. „Гејмбред“ доминираше против Нејт Дијаз во Медисон сквер гарден победувајќи го со технички нокаут откако докторот не му дозволи да продолжи, бидејќи имаше сериозна повреда на аркадата.

Ник кој веќе 4 години не е во ММА, е во салата и досега нема интерес за борби, но средбата со Масвидал може да го врати во игра. Сега Големиот Брат сака да го натера Масвидал да плати затоа што не му се допадна на Хорхе, фалејќи се дека ќе покрсти неговиот помал брат.

„Немам интерес за борби. Не е до мене. Ги прашувам луѓето дали го сакаат тоа, бидејќи ако го сакаат тоа, можати да го добијат. Ова е моја работа и ја правам уште од 15 години. Во моментов гледам само долари. Работите не се до мене.

Ако сакаш да зборуваш дека ќе го покрстиш мојот мал брат, тоа до тебе. Нема да кажам нешто со непочитување, но не треба да зборуваш дека ќе го покрстиш мојот брат. Во лоша позиција си ако одлучиш да се бориме. Нема што да зборуваш, па кажуваш дека ќе прекрстиш нечиј помал брат.

Тоа е мојот мал брат и не зборувај така за него. Сакаш да зборуваш така? Сакаш да го направиш? Тоа е за тебе. Можам да стапам во контакт со тебе и затоа не сум лут. Ако сакате да одиш по тој пат, тоа си е твоја работа“, рече Ник за Масвидал.

Хелвани контактирал со таборот на Ник Дијаз и му било кажано дека сака да се врати во пролетта 2020 година, за да се бори против Масвидал. Ник сака тоа да се случи на АТ & Т стадионот во Тексас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО