Македонска делегација утре во Лозана на работна средба со Интернационалниот олимписки комитет

Македонска делегација утре во Лозана ќе оствари работна средба со претставници на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК)

 Утре на работна средба, во седиштето на Интернационалниот олимписки комитет, македонската делегација ќе биде претставувана од претседателот на МОК, Васил Тупурковски, спортскиот директот Владимир Богоевски и генералниот секретар Сашо Поповски, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, советникот за спорт при владата Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев, како претставници на Владата на Македонија.

Главна цел на овој состанок ќе бидат промените кои мора да се направат во Законот за спорт на нашата земја, како и потпишување на Меморандумот за автономија на Олимписката и останатите спортски организации во нашата држава, усвоен од страна на Обединетите нации и од страна на ИОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО