Симона Заборска е најуспешен македонски каратист на ЕП, таа е седмопласирана

Симона Заборска е најсупешниот македонски каратист на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, освојувајќи го седмото место.   

Заборска беше несреќно поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнгорката Јелена Максимовиќ, со што ја загуби шанасата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија.

Малото внимание поради тоа што се мислеше дека во претходниот напад нашата каратистка освоила поен, подзастана и пак продолжи. Во обостраната акција судиите и доделија поен на Максимовиќ.

Претходно Симона претходно забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.

Симона извојува голема победа против Туба Јакан, светска првенка и прва на Светска ранг листа. Заборска во второ коло славеше против Туба со 4-2, а во првата борба славеше над Гркинката Александра Пападопулос 2-0.

„Во репасажот загуби од Максимовиќ 0-1, еден удар три знаменца за Црногорката 1 за Симона! Немав картон, претходно Симона имаше поен кој не го досудија и загуби 0-1“, вели тренерот Бошко Заборски.

Во попладневните борби е поразен и нашиот најголем адут за медал Емил Павлов од Павле Дујаковиќ (Босна и Херцеговина) 3-5, а Сара Радичевска од Азербејџаката Нурана Алијева.

Давид Петков е поразен од Грузиецот Лука Хведилијани, додека машкиот ката тим беше петти во својата група и не помина во вториот круг.

Преостануваат уште настапитеара на машкиот и женскиот тим во борби.

На шампионатот ќе настапат 596 натпреварувачи од 47 држави.

Европско првенство сениори – Резултати:

-55 кг
Симона Заборска – Александра Папа (Грција) 1-0
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 4-2
Симона Заборска – Ана Чернишева (Русија) 0-8
Репасаж
Симона Заборска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 0-1

-60 кг
Емил Павлов – Павле Дујаковиќ (Босна и Херцеговина) 3-5

-67 кг
Давид Петков – Лука Хведилијани (Грузија) 1-4

-50 кг
Сара Радичевска – Нурана Алијева (Азербејџан) 4-5

Ката екипно мажи
Македонија во група со Хрватска, Азербејџан, Турција, Италија и Португалија го заврши настапот како 5-та со 21,66 поени.

Кумите екипно мажи
Македонија – Шпанија

Кумите екипно жени
Македонија – Италија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО