Силвио Мировски е вториот македонски финалист на ЕП во кик бокс

Силвио Мировски е вториот македонски финалист на Европското првенство за деца, кадети и јуниори во кик бокс во Истанбул, Турција.

Мировски во полуфиналето го победи Урош Крстиќ од Србија со 3-0. За златниот медал ќе се бори со Гркот Христос Естадијадис.

Да потсетиме дека претпалдне Марија Димовска во полуфиналето славеше 3-0 против Еданур Аџар од Турција и во финалето ќе ги одмери силите со Соња Вуксиќ од Србија. Додека Туркер Исмаил се закити со бронзен медал откако во полуфиналето загуби од Украинецот Никита Тертишњи 0-3..

Нелсон Узеир беше поразен од Самоил Солера Молина од Шпанија 0-3.

Резултати ЕП:

-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски – Урош Крстиќ (Србија) 3-0
Финале
Силвио Мировски – Христотс Естадијадис (Грција)

+60 кг лоу кик млади јуниори
Марија Димовска –Еданур Аџар (Турција) 3-0
Финале
Марија Димовска – Соња Вуксиќ (Србија)

-57 кг лоу кик млади јуниори
Туркер Исмаил – Арапогијанис Панталејмон (Грција) 3-0
Полуфинале
Туркер Исмаил – Никита Тертишњи (Украина) 0-3

-84 кг кик лајт постари јуниори
Нелсон Узеир – Самоил Солера Молина (Шпанија) 0-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON