Познато е кој ќе биде замена доколку Џонс или Миочиќ го откажат настапот на УФЦ 295

Стипе Миочиќ на 11 ноември во Њујорк ќе се обиде уште еднаш да го освои шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија.

Американско-хрватскиот борец ќе настапи во главниот меч на настанот УФЦ 295 во Медисон сквер гарден против шампионот Џон Џонс.

Еден од најдобрите ММА борци на сите времиња ќе ја брани титулата во тешка категорија што ја освои во март со првата победа над Сирил Гане.

Последната борба на Миочиќ беше пред две и пол години кога загуби со нокаут во борбата за титулата од Френсис Нгану.

Најголемата светска ММА промоција подготвува уште еден голем боречки спектакл, а за дополнително да го обезбедат главниот меч избраа борец за замена.

Имено, доколку Џонс или Миочиќ се повлечат од борбата поради некоја причина, како замена ќе влезе Сергеј Павлович.

Рускиот нокаутер (18-1, 15 КО) го победи Картис Блејдс со прекин во првата рунда во неговиот последен настап во април, што беше негова шеста победа во низа.

Павлович дебитираше во УФЦ во ноември 2018 година кога загуби од Алистер Оверем на настан во Кина.

После тоа, во првата рунда забележа шест убедливи победи со нокаут и стигна до позицијата прв предизвикувач во тешка категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavlovich Sergei (@sergei__pavlovich)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО