Силвестер Сталоне се збогува со Роки Балбоа

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне (72) на социјалните мрежи објави дека легендарниот Роки Балбоа го достигнал крајот на своето 40-годишно патување. Од мизерија до гламур е приказната за Силвестер Сталоне, но и за Роки Балбоа – филмскиот херој што го запознавме пред 40 години и со кого оваа година ќе се збогуваме засекогаш.

По четири децении и седум филмови, Сталоне објави дека е време да се каже збогум.

„Ми беше чест да создадам и да играм толку значаен лик, иако ми го скрши срцето, за жал, сè има цел, и што е најважно, Роки никогаш нема да умре, бидејќи тој ќе продолжи да живее во сите од нас“, напиша Сталоне.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON