Фјури смета дека Вајлдер ќе бега од реваншот

Тајсон Фјури не верува во реванш против Дионтеј Вајлдер по спектакуларната борба во тешка категорија која заврши нерешено.

Фјури два пати беше во нокадаун по разорните удари на Вајлдер, но многумина сметаат дека Британецот ја заслужи победата, затоа што бил подобар во текот на целата борба.

Сега се зборува за потенцијален реванш.

Но за оваа варијанта Фјури смета дека Вајлдер нема да има храброст за таков потег.

„Тој ќе сака да го избегне реваншот по секоја цена. Имам чудно претчувство дека би можел да оболече патики за трчање и да бега од мене. Требаше да победам и да го однесам појасот на ВБЦ во Британија. За жал, останува во Америка. И двајцата остануваме непоразени и сега ќе мора пак да се фрла зарот“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО