Популарниот холивудски актер и режисер Силвестер Сталоне исто така e возбуден за она што се случува во УФЦ и зборува за претстојната борба меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер.
Сталоне истакна дека и двајцата борци не се совршено стабилни психички. Во исто време, главниот актер на култниот филм „Роки“ смета дека Пориер има голема предност во претстојната битка.
„Овде можете да фрлите паричка. Кој ќе погоди прв, ќе победи. Од една страна, млад и гладен, од друга страна, човек кој заработил многу пари, но сака да се реваншира. Психолошки и двајцата не се многу стабилни. Но, мислам дека овој пат Пориер има голема предност. Каков совет би му дал на Конор? Ќе одговорам со зборовите на Роки: „Продолжете да удирате!“, рече актерот.