Наследството на поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Андерсон Силва беше брутално нарушено. Атлетски комисија на Невада откри дека во крвта на Силва има присуство на две забранети супстанци – дростанолон и андростан. Допинг тестот бил направен на 9 јануари.
Резултатите беа објавени денес, бидејќи ако беа објавени пред дуелот, тој требаше да биде откажан. И двајцата борци биле подложени на три теста – останатите два биле на 19 јануари и 31 јануари. Резултатите од денот на борбата се подготвени и се чисти, но тие биле само од урина. Резултатите од 19 јануари уште не се подготвени.
Ова е прв пат Сива да имапозитивен допинг тест.
Ник Диаз има позитивен допинг тест – за марихуана.
Откако и двајцата борци се со позитивни тестови, најверојатно дуелот ќе биде прогласен за неважечки. Ова е третиот допинг тест во кој Диаз се товари поради марихуана. Прв пат тоа беше во 2007 година против Таканори Гоми, а потоа во 2012 против Калос Кондит. Следниот состанок на комисијата е на 17 февруари и кариерите и на двајцата борци се во опасност. Да се потсетиме што рече Силва во октомври. „Кога борец ќе даде позитивен допинг тест за стероиди, тој не треба повеќе да се бори. Кога користиш стероиди, ги користиш за долго време. А кога ги користиш за долго време, значи имаш проблем. Тоа е лек и не е добар за спортот.