Шуменов ја освои светската титула во леснотешка категорија (ВИДЕО)

Шуменов првак

Бејбут Шуменов (Казкстан) ја освои привремената титула на Светската боксерска асоцијација во леснотешка категорија. Тој го победи поени Би Џеј Флорес (САД) во 12 рунди. Средбата се одржа во Лас Вегас (САД). Американецот се обидуваше да прави пресија во текот на целата средба, додека неговиот ривал повеќе се потпираше на движење и контранапади. По завршниот удар во гонгот, тројцата судии беа едногласни 116 – 112 за Шуменов.

Тоа беше 16 – та победа (10 со нокаут) за Шуменов, кој има и еден пораз. Флорес го забележа вториот пораз во кариерата наспроти 30 победи (20 со нокаут) и 1 нерешен меч.

„Цело време бегаше. Во принцип е агресивен боксер, но вечерва беше поинаков. Го повредив во последната рунда. Тоа не беше доволно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО