Штета за Илија Атанасов, имаше нерешен резултат на СП на неколку секунди до крајот

Штета за Илија Атанасов. Нашиот борач имаше нерешен резултат 6-6 пред самиот крај на борбата на Светското првенство во Истанбул-Турција, во У-17, против Гркот Николаос Караванос, но во последната акција, во обид да направи нешто повеќе, судијата на душекот му додели два поени на Караванос.

Така, Атанасов беше поразен со 6-8.

Да потсетиме дека вчера Стефан Стојков (-55 кг) загуби од Ахмад Мусханџиев (Неутрален настап) 0-10, а Омер Мемеди (80 кг) од Константине Петријашвили од Грузија со 0-11.

Резултати:

92 кг Илија Атанасов – Николаос Караванос (Грција) 8-6
55 кг Стефан Стојков – Ахмад Мусханџиев (Неутрален настап) 0-10
80 кг Омер Мемеди – Константине Петријашвили (Грузија) 0-11

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО