Даниел Дубоа до Усик: Очекувај пекол!

Минатата недела, непоразените боксери Теренс Крафорд и Наоја Инуе постигнаа уште еден голем подвиг и го исфрлија Александар Усик од рангирањето без разлика на категоријата.

Украинската ѕвезда беше на врвот на рангирањето во мај 2022 година. Сега над Усик се наѕира нова закана. Британскиот боксер Даниел Дубоа, наречен „Динамит“ има намера да му ги земе шампионските појаси на Украинецот.

Тие ќе се сретнат на крајот на месецот во Полска. Дубоа едвај ја чека борбата и е многу сериозен во врска со тоа. Тој верува дека може да ја искористи оваа можност и да победи:

„Подготвен сум сто проценти, подготвен сум да се борам. Ќе ги носиме титулите дома, тие доаѓаат со мене. Сега е моето време, дефинитивно. Да, Усик беше голем шампион, но како што реков, на се му доаѓа крајот.

Неговата „нула“ мора да оди. Морам да го надминам во секој поглед. Јас сум помлад и посилен. Ќе ја направам борбата пекол. Јас сум роден за ова“.

Дубоа е сериозен борец кој се потпира на својата нокаут моќ. Британецот е свеж, млад и има големи амбиции. Останува да видиме дали ќе се справи со Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО