По спектакуларната светска промотивна турнеа, меч Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер би требало продукциски да добие најквалитетна и веројатно најскапата најава во историјата на професионалниот бокс.
„Танцот од 180 милиони долари“ ќе го добие серијалот во четири епизоди Шоутајм ол аксес, чија цел ќе биде да ги наговори и оние најнезаинтерисираните да го погледнат мечот, односно да го купат ППВ(Г) преносот, за кого организаторите се надеваат дека ќе се собори сите рекорди.
Следната недела би требало да започне емитувањето и по една епизода да се прикажува секоја недела, се до средбата, за кого сите знаат дека ќе се одржи на 26 август. Организаторите имаат само една мисија, а тоа е да ги соборат сите рекорди на продадени преноси. И засега се води кон тоа за да успеат во таа намера, и покрај тоа што голем број на фанови се колнат дека немаат намера да го гледаат мечот.
.