Мицкоски очекува медал од репрезентативците на Младиснкиот олимписки фестивал

Џудо репрезентацијата на Македонија во состав Арбреша Реџепи (-48 кг), Хамза Јашари (-66 кг) и Еди Шерифовски (-73 кг) ќе настапи на Европскиот олимписки фестивал за млади, кој од 25 до 28 јули ќе се оддржи во Ѓер, Унгарија.

Фестивалот е влезен во програмата и календарот на активности на Македонскиот олимписки комитет и Џудо федерацијата на Македонија.

Селекторот Горан Мицкоски вели дека нашите џудисти се подготвени и очекува да се вмешаат во борбата за медали.

Реџепи и Јашари се борат на 26 јули, додека Шерифовски ќе настапи во четврток.

На фестивалот за млади ќе настапат вкупно 325 натпреварувачи од 46 земји, од кои 190 во машка и 135 во женска конкуренција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО