Шоутајм: Боб Арум е лажго, немаме договор со Пакијао!

Боб Арум
Боб Арум

Шефот на еден од водечките спортски канали „Шоутајм“, Стивен Еспиноза, изјави дека менаџерот на Мани Пакијао, Боб Арум, лаже кога вели дека боксерот потпишал договор во кој се чека само потписот на Флојд Мејведер.

 „Флојд не излажа никого во својата одлука. Арум лаже и го знае тоа. Немаме договор, кој очекува да го потпише Флојд. Тој беше сосема искрен со нас од самиот почеток и неколку пати покажа интерес да се бори со Пакијао, а ние работиме на тоа. Има напредок, но има и многу прашања кои треба да бидат решени. Сите овие одложувања не се по вина на Флојд. Реториката на Арум не дави. Не може да сакаш да потпишеш договор со некого, а да зборуваш лаги. Ако пропаднат преговорите, тоа ќе е по вина на Арум“.

Арум неколкупати пред медиумите повторува дека Пакијао веќе потпишал договор за бокс меч против Мејведер и дека се согласуваат со сите услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО