Шон О’Мели: Ветив повеќе отколку што исполнив

Поранешниот шампион на УФЦ во бантам категорија, Шон О’Мели (18-2) им се извини на навивачите за неговиот настап против Мераб Двалишвили (18-4).

Двалишвили го победи О’Мели со едногласна одлука (49-46, 48-47, 48-47) и стана нов шампион на УФЦ во бантам категорија. Борбата се случи вчера на Ноче УФЦ во Лас Вегас. О’Мели не можеше да најде одговор на борбата на Двалишвили, кој не му остави никакви шанси и доминираше над него.

Така Шон се раздели со титулата и неговите амбиции да стане поголема ѕвезда од Конор Мек Грегор. На социјалните мрежи Шон се извини што ветил повеќе отколку што испорачал.

„Ветив повеќе отколку што исполнив. Жал ми е. Ве сакам!“, напиша О’Мели на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО