Македонската репрезентација во борење од утре ги почнува подготовките за олимписките квалификации во салата на БК Лирија од Скопје.
За квалификациските турнири за Олимписките игри во Рио 2016 година, од кои првиот е во Зрењанин, Србија, во април, се смета на Дејан Митров, Јасин Реџелари, Бобан Данов, Бехар Махмути, Ертан Реџепи, Иван Јанев и Никола Петров, како и на натурализраните Македонци Лабазан Аскербиев, Мохамедгаџи Нуров, а вклучувањето на бронзеното момче од Европското првенство за У-23, Халил Зубаиров, ќе зависи од неговото заздравување по застрелувањето во родниот Махачкала во Дагестан. Зубаиров изразил желба да настапува на овие турнири. Во игра е Тимур Хамикоев.
На нашите репрезентативци ќе имаат на располагање и тројца спаринг партнери, додека Аскербиев, Нуров, Зубаиров и Хамикоев ќе се подготвуваат во Дагестан, Русија.
Ipon.mk/В.Д.