Шестаков вели оти самбото брзо ќе се врати на Олимписките игри

Претседателот на Светската самбо организација (ФИАС) вечерва на прес-конференција во Сочи, Русија, каде што се одржува Светското првенство за сениори, изјави дека верува оти самбото ќе се врати на Олимписките игри.

„Верувам дека не е далеку денот кога самбото пак ќе стане олимписк спорт. Досега поднесовме апликација до Олимпискиот комитет и ги исполнивме практично сите барања на МОК, па затоа со нетрпение очекуваме да добиеме прифатени“, заклучи претседателот на ФИАС.

Од друга страна, самбото од вчера влезе во програмата на безбедносните сили (полиција и војска) и ќе биде дел од европските и светските првенства.

Денеска настапи и нашиот репрезентативец Един Дураковиќ (-100 кг) во спорт самбо и загуби во второто коло од Латвиецот Викторс реско со ипон кој на карјот го освои тертото место. Во оваа категорија имаше 25 натпреварувачи.

Според зборвите на првиот човек на македонското самбо Ерал Факиќ, Един пружил добар отпор на многу искусниот противник, при што нашиот репрезентативец си ја повредил ногата.

Утре настапува Бобан Данов во категоријата над 100 кг.

100 kg

  1. CHERNOSKULOV Alsim (RUS)
  2. LORIASHVILI Davit (GEO)
  3. KHANDZHIAN Arsen (ARM)
  4. RESKO Viktors (LAT)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО