
Ајан Мурати го освои златниот медал на Меѓународниот турнир во борење „Венцислав Полизоев“ во Петрич, Бугарија, а неговиот клуб Шкупи се закити со шест одличја.

Медалите ги освоија:
35 кг Ајан Мурати – златен
35 кг – Ануар Џемаили – сребрен
32 кг – Бамир Сејфулаху – бронзен
35 кг – Унион Сулејмани – бронзен
53 кг – Мухамед Малиќи – бронзен
52 кг – Мирах Мустафа – бронзен
На овој турнир учествуваа екипи од Бугарија, Франција, Молдавија, Шпанија, Косово и Македонија, така што конкуренцијата беше многу силна и на високо меѓународно ниво.
А на турнирот во Ветово, исто така во Бугарија, борачите на Шкупи освоија четири медали, при што Јусуф Заими беше прв во својата категорија.

Медалите ги освоија:
Јусуф Заими – златен
Отман Абази – сребрен
Ерен Муртези – бронзен
Харун Мемеди – бронзен
„Јусуф покажа дека е голем талент, од кого многу се очекува во иднина“, велат од Шкупи.



