Шест медали за Преспа на џудо турнирот во Рожае (ФОТО)

 

Џудо клубот Преспа на 23. Меѓународен турнир во Рожаје, Црна Гора, вчера освои шест медали – 1 златен, 4 сребрени и 1 бронзен.

Турнирот го организираше ЏК Ибар од Рожае.

Кај помладите пионер Лилјана Недановска (- 56 кг) освои сребрен медал, а кај пионерите Лилјана Недановска (- 57 кг) се закити со златен медал, Емили Поповска (- 48 кг), Стефан Тосковски (- 46 кг) и Англеа Боровичанин (-40 кг) освоија сребрени медали.

Кадетот Димитар Тасевски (-66 кг) го освои бронзениот медал.

Џудистите на Преспа покажале добри борби, а во иднина се надеваат дека уште подобри резултати.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО