Македонските таеквондисти освоија 6 медали – 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени на Балканското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина.
Медалите за Македонија ги освоија:
Горјан Бадаровски (+87 кг, сениори,ТК Тигри) – сребрен
Давид Петковски (29 кг, пионери А, Младост) – сребрен – 3 победи
Михаил Ангелевски (172 см, кадети, Корио) – златен – 4 победи
Александар Ангеловски (152 см, кадети, Корио) – бронзен – 1 борба
Дамјан Василевски (148 см, пионери, Феникс кик) – бронзен
Дарко Геиргиев (73 кг, јуниори, Бутел) – бронзен
Шампионот Ангелевски сите четири борби ги заврши пред време, направи разлика од 12 поени. Во финалето славеше над минатогодишниот европски шампион.