Шенон Бригс со нов циркус кон Вајалдер: Ќе те нокаутирам! (ВИДЕО)

Senon Brigs so nov cirkus

Ексцентричниот шоумен Шенoн Бригс упати уште еден предизвик кон ѕвездите во боксот. Тој се подготвил уште еднаш вербално да го напаѓа Владимир Кличко на мерењето со Брајант Џенингс, но, наместо тоа, му се сврте на шампионот на Светскиот боксерски совет, Дионтеј Вајлдер. Шоуто беше целосна, бидејќи меѓу нив беше застанат легендарниот Ленокс Луис, кој умираше од смеење додека ги снимаше заканите меѓу двајцата.

„Ајде да го направиме тоа шампионе – ја повтори над сто пати омилената фраза Бригс. – Ќе те нокаутирам. Ти не си никаков шампион. Се бориш само со непознати боксери“.

Ветеранот дури подвикнуваше на Вајалдер во ритамот својот телефон, кој не престана да објаснува дека е шампион на Светскиот боксерски совет. Помладиот Американец очигледно дека беше растревожен и си ги симна наочарите за сонце. Обезбедувањето интервенираше и го истурка Бригс пред да стигне да „меле“.

„Морам да признаам дека ова е забавно. Дајте пуканки, ве молам“, напиша на својот профил наТвитер Ленокс Луис и ја пушти сопственатао снимка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО