Шенон Бригс ќе се бори пред великаните во тешка категорија

[enon brigs strasilo

Поранешниот двократен светски шампион Шенон Бригс (САД) ќе го продолжи походот кон за напад на светската титула на 5 септември. Американецот ќе се соочи против најсериозен ривал, што го имал во последно време. Тој ќе бокира со Мајк Мороу (21 победа, 15 со нокаут и 4 порази). Нивниот меч ќе се одржи во хотелот и казиното „Хард рок“ во Холивуд, Флорида.

Галавечерта е дел од прославата на ѕвездите во тешка категорија. Меѓу гостите ќе бидат Владимир Кличко, Мајк Тајсон, Ивендер Холифилд, Рој Џонс, Лери Холмс, Мајкл Мур, Ридик Боу, Реј Мерсер, Хасим Рахман, Тони Такер, Џејмс Смит, Лејман Брјустер, Крис Бирд, Џони Руиз, браќата Леон и Мајкл Спинкс и др.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО