Шекил О’Нил: ММА ми помогна да станам шампион

Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил тврди дека големите успеси ги постигнал благодарение на ММА тренинзите.

Шeкил е двократен олимписки шампион (1996, 2000 година), светски шампион 1994 година, четирикратен шампион во НБА (2000, 2001, 2002, 2006 година). Во 1996 година беше вклучен во листата на 50 најдобри играчи во историјата на НБА, со што стана најмладиот играч и единствениот кој во тоа време не ја завршил кариерата. За најкорисен играч во НБА лигата епрогласен во 2000 година. На Ол стар мечевите настапи 15 пати, 13 од нив се во низа (1993 – 2006). Легендата неодамна го интервјуираше Ариел Хелвани и изјави дека неговите големи успеси доаѓаат од неговите ММА тренинзи.

„ ММА е причината што станав шампион. Отсекогаш сум тренирав кошарка. Не ми беше доволно. Затоа што кога играв кошарка, тоа беше повеќе од борба. Затоа, кога тренирам ММА со Џон Бурк, мој пријател во Орландо, се вратив во најдобрата форма во животот. Тоа беше во 2000 година. Тогаш победував. Доминирав. Си создавав навики. Пак го направив тоа, освоив втор шампионат.

Повторно го направив, освоив трет шампионат. Решив да престанам со ММА тренинзи и изгубив. Отидов во Мајами, повторно тренирав ММА и го освоив четвртиот шампионат. ММА е нешто што отсекогаш ми ја зголемуваше срдечноста. Тоа беше нешто што многу ме интересираше. ММА спортистите веројатно се најдобрите спортисти на планетата.

Сакав да удрам некои од момците во НБА против кои играв. Па, така, дефинитивно сум приврзаник на ММА. Слушнете, пред извесно време го предизвикав Хонг-ман Чои, затоа што никогаш не сум се борел со некого како мојата големина. Ќе се боревме ако прифатеше. Сакав некој да го среди тоа, но дефинитивно не профункционира. Бев подготвен да пробам“, рече О’Нил, кој е висок 2,16 метри и тежи 147 килограми.

https://www.instagram.com/p/B-0garOlnev/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON