Тони Фергусон се потсмева со Хабиб Нурмагомедов

Тони Фергусон нема намера да му дозволи на Хабиб Нурмагомедов да земе здив. Тие требаше да се борат овој викенд во главната битка на УФЦ 249, но поради коронавирусот Хабиб се повлече. Малку подоцна и целиот настан се пропадна и така Фергусон треба да се сретне Џастин Гејџи на почетокот од следниот месец за привремената титула во категоријата. Победникот ќе се бори против Нурмагомедов за обединување на на појасите во последните месеци од 2020 година.

За жал на сите навивачи, очигледно дека средбата меѓу Хабиб и Тони е проколната, затоа што во последните години падна пет пати, што е невидено. Очигледно, не им е пишано да се сретнат, затоа што Фергусон може да загуби од Гејџи и никогаш да не видиме таква средба. „Ел Кучуј“ е целосен психопат и продолжува да симнува килажа за веќе откажаниот настан овој викенд. Тој не заборави да го нападне Хабиб со слика на социјалните мрежи.

„Време е за тирамису. Со комплименти од добрата, стара дебела главо. Сè уште симнувам килажа за петок. Сакав да ти пуштам нешто слатко. Ќе си го зачувам моето за после мерењето“, напиша Фергусон.

https://www.instagram.com/p/B-_KwBvhASl/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО