Некогаш најдобариот боксер во светот „Шугар“ Шејн Мозли (10/01/49, 41 КО) беше поразен во мечот за привремената титула на ВБА во велтер категорија од Дејвид Аванесјан (01/01/22, 11 КО).
Русинот (27г.) ја задржа титулата победувајќи го 44-годишниот Американец во Глендал, Аризона, со едногласна одлука 114-113, 117-110, 117-110.
Аванесјан со оваа победа стана задолжителен предизвикувач на подобриот од мечот меѓу ВБА шампионот Кит Турман и Шон Портер кој ќе се одржи 25 јуни.
На програмата, неговиот син Шејн Мозли Јуниор (7-1, 5 КО) со мнозинска одлука на судиите по 6 рунди го победи Роберт Јанг (5-8-2, 4 КО).
https://youtu.be/KdLK37wKLG8